Насловна / Архитектура / Стаклена куќа која може да биде изградена за осум часа

Стаклена куќа која може да биде изградена за осум часа

ОOD е фантастичен префабрикуван објект, кој не ја жртвува приватноста заради добриот поглед на околината. Бидејќи нејзината предна страна е обложена со огледала, оваа компактна куќа од 18 квадратни метри не само што го спречува љубопитниот поглед кон внатрешноста, но, исто така, совршено се вклопува во природата, бидејќи истата се рефлектира на фасадата.кука во естонија_02

Куќата OOD, која е произведена во Естонија, е развиена првенствено за потребите на хотелскиот пазар, како и за оние што сакаат викендичка на недостапни локации. Поради својата мала површина и многу лесната инсталација, куќата може да се монтира каде било, а во Естонија може да се направи без вадење на градежна дозвола, пишува Inhabitat.кука во естонија_01

Потпорната конструкција на овој објект е метална, обложена со изо-стакло како и термички обработено дрво, кои заедно обезбедуваат пријатна температура во внатрешноста. Секоја единица може да смести две или три лица, а опремена е со голем кревет, кујна, дневна соба и бања.кука во естонија_03

Нивото на ЛЕД осветлувањето како и температурата на подното греење се одредуваат автоматски, а на домаќините им е достапна струја, вода, Интернет, канализација и се она на што тие се навикнати во удобните хотели или викендички.кука во естонија_04 кука во естонија_05 кука во естонија_06

За греење и ладење се грижат топлински пумпи со сепаратор за влага. Идните верзии на овие куќички ќе бидат и енергетски независни, што значи дека не ќе мораат да бидат поврзани на електрична мрежа.кука во естонија_07 кука во естонија_08

Инсталирањето на куќата OOD трае само осум часа и нејзината цена е 33.000 евра, што не е многу, бидејќи е во прашање целосно опремен дом. За сега се испорачува само во Естонија, но планот на компанијата е брзо да се прошири и на меѓународниот пазар.кука во естонија_09 кука во естонија_11 кука во естонија_10

Испрати коментар

Scroll To Top