Насловна / Вести / Србиjа мора да го одложи почетокот на изградбата на Jужниот тек

Србиjа мора да го одложи почетокот на изградбата на Jужниот тек

srbija eko-juzni-tok
Потпретседателката на владата на Србија Зорана Mихаjловић, по повод одлуката на Бугарија, на барање на Eвропската комисиjа да ги суспендира работите на изградбата на гасоводот Јужен тек, изјави дека и Србија ќе мора да го одложи почетокот на изградбата на тој гасовод.

„Бугарија е јазолот, па според тоа, додека не завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на Европската Унија со Русија и ние нема да работиме. Или додека Русија не ја промени рутата. Но, како и да е, резултат и од едното и од другото сценарио значи одложување на работите во нашата земја“, вели Михајловиќ за изданието на „Блиц“.

Бугарија ги сопре работите на Јужниот тек, изјави во неделата премиерот Пламен Орешарски, после средбата со група американски сенатори.

EУ во средата побара од Бугарија да ја сопре реализацијата на Јужниот тек. Претставничката на ЕУ за енергетика, Сабина Бергер, притоа наведе две правни причини за таков чекор. Едната е барањето на ЕК за усогласување на билатералните владини договори за изградба на Јужниот тек со нормите од третиот енергетски пакет. Покрај тоа, Брисел ја сомничи Бугарија за нарушување на европските правила при распишувањето на тендерот за изградба на инфраструктурни објекти и давање привилегии на руски и бугарски компании.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top