Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Србија лидер во имплементацијата на Третиот енергетски пакет

Србија лидер во имплементацијата на Третиот енергетски пакет

c3_trade_floor2
Секретаријатот на Енергетската заедница го објави извештајот за исполнувањето на обврските кои земјите членки ги презедоа со потпишувањето на Договорот за Енергетска заедница. Извештајот го опфаќа периодот од септември 2013 до август 2014, а прв пат акцентот се става на улогата на националните енергетски регулатори. Во извештајот се нагласува дека „еден од клучните елементи на Третиот енергетски пакет на ЕУ, кој во рамките на Енергетската заедница стапува на сила на 1ви јануари 2015 година, го чинат силните и независни национални енергетски регулатори.“

Извештајот исто така покажува и на напрдокот кој досега е остварен, при што посебно се поздравени резултатите во однос на отворањето на пазарот за електрична енергија во Србија, и делумно во Македонија. Од друга страна пак, во Извештајот се потенцира заостанувањето во овие процеси кое се забележува во БиХ. Од октомври Секретаријатот ќе објавува месечни извештаи за напредокот во имплементација на законодавните обврски кај земјите членки, на својот портал.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top