Насловна / Арт и дизајн / Спој на урбаниот град со кревкиот балет

Спој на урбаниот град со кревкиот балет

lisa tomaseti balet

Австралиската фотографка Лиза Toмазети претставува проект во кој се поврзани грубоста и минливоста на градот со кревкоста на балетот.lisa tomaseti balet (6)

Фотографиите ги покажуваат балерините во нивните фустани од тил и сатенски балетанки како буквално „лебдат“ среде прометните улици на Њујорк, Париз и Токио.

Континуираниот проток на бучавата на градот и префинетоста на балетските движења делуваат особено елегантно.lisa tomaseti balet (8)

Лиза Томазети се игра со контрастот на деликатните балерини и нивните грациозни движења во големите градови каде што се живее забрзано.

Проектот ќе биде презентиран на изложба под наслов „Австралискиот балет на светската сцена“, што се отвора деновиве во галеријата M.Contemporary во Сиднеј.lisa tomaseti balet (7) lisa tomaseti balet (5) lisa tomaseti balet (4) lisa tomaseti balet (3) lisa tomaseti balet (2)

Испрати коментар

Scroll To Top