Насловна / Архитектура / Спектакуларно „зелено срце“ во Сингапур

Спектакуларно „зелено срце“ во Сингапур

Кривулестите дрвени патеки кои минуваат преку терасеста градина со 700 засадени стебла, ја карактеризираат градбата која наскоро ќе биде завршена во „Marina Bay“ во Сингапур. Оваа оаза на зеленило ќе биде срцето на проектот потпишан од германската архитектонска компанијата Ingenhoven Architects и компанијата за пејсажна архитектура Gustafson Porter + Bowman.

green heart 5

 

Проектот е замислен како планина покриена со растенија, составена од четири висококатни блокови на згради распоредени околу централната градина дело на Gustafson Porter + Bowman. Комплексот, кој треба да биде отворен до крајот на годинава, се наоѓа во сингапурскиот финансиски кварт „Marina Bay“ на простор од 360 хектари на кој се сместени кулите „Marina Bay Sands“ како и огромен тропски парк „Gardens by the Bay“. Во рамките на кулите се наоѓаат деловни простории, станбени и комерцијални единици, кои се сместени околу отворениот простор под името „Green Heart”. Овој простор архитектите го опишуваат како најголема јавна зелена површина во рамките на  „Marina Bay Central Business District“.

green heart 1

EP03526

Зелениот простор придонесува за подобрување на микроклимата во срцето на комплексот, додека околните „органски“ ѕидови ја подобруваат природната вентилација. Дрвените патеки и камени плочници со бронзени тонови употребени за отворите и внатрешните простори, го дополнуваат природниот изглед на градината.

green heart 3

EP03526

Визуелизацијата на планираните градини е прикажана во јавноста во 2015 година, кога проектниот тим истакнал дека овој простор со насади е „проектиран со цел да создаде инспиративен и мултифункционален урбан простор во Сингапур каде што сите ќе уживаат.“

Испрати коментар

Scroll To Top