Насловна / Арт и дизајн / Спакуван луксуз во куќарка на дрво

Спакуван луксуз во куќарка на дрво

Куќарки на дрво веќе некое време се симбол на нови форми на сместување, главно за туристички цели или како приватни објекти за одмор. Една таква која ги имитира споменатите куќарки на дрво, но прилично луксузна, најдовме во Кејп Таун, која е своевидна референца на носталгичното детство на клиентот. За овој феноменален проект е заслужно локалното архитектонско студио Malan Vorster, а самата конструкција се состои од четири цилиндрични дрвени кули подигнати малку над земјата.куќарка на дрво_6

Секоја од нив може да се пофали со прозорци преку кои се пружа прекрасен поглед на шумата со која е опкружена куќарката.куќарка на дрво_1

Архитектите истакнуваат дека објектот е проектиран за клиент кој имал желба да поседува резиденција надвор од градот, а која во суштина би изгледала како куќарка на дрво, каква што имал во детството.куќарка на дрво_2

Носталгичниот момент се шири и низ самата внетрешност, особено кога станува збор за парчињата мебел. Централниот дневен простор го зафаќа првиот кат од куќата, каде што има тераса, трпезарија и главни скалила. На вториот кат е спалната соба каде што главниот збор го водат стаклените ѕидови и се што преку нив може да се види и доживее.куќарка на дрво_3 куќарка на дрво_4 куќарка на дрво_5 куќарка на дрво_7 куќарка на дрво_8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top