Насловна / Вести / Совршена сценографија од бајките во еден ресторан во Пекинг

Совршена сценографија од бајките во еден ресторан во Пекинг

Иако се наоѓа во подрумот на еден трговски центар во Пекинг, што можеби на прва звучи прилично одбивно, овој ресторан е местото каде што би сакале да одите, бидејќи изгледа едноставно прекрасно. Брилијантниот проект е потпишан од архитекти на бирото SODA кои имаат свои канцеларии во Париз, но исто така и во Пекинг, а во нивната работа тие често го ставаат акцентот на комбинацијата меѓу архитектура и уметност.пекинг ресторан (2)

Темата на нивното последно уредување е подводниот свет на малку поинаков начин, а и самото име на ресторанот Blufish сугерира дека која им била мотивацијата. „Пинк“ нијансата е главниот акцент што е „згаснат“ со детали во боја на злато и разните нијанси во виолетова, сина и розова боја. Она што привлекува големо внимание е убавата, ефективна и проѕирна визуелизација на таванот.пекинг ресторан (1)

Дека архитектите се во трендот сведочат и мермерните маси, кои во моментов се најголем хит во дизајнот на ентериери. Она што архитектите сакале да го постигнат, дефинитивно и успеале, а тоа е релаксирачко место со медитерански призвук.пекинг ресторан (4) пекинг ресторан (5) пекинг ресторан (6) пекинг ресторан (8) пекинг ресторан (9)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top