Насловна / Архитектура / Современа вила идеална за непречено уживање

Современа вила идеална за непречено уживање

Куќите или вилите за одмор денес често изгледаат сосема различно од она на што сме навикнати. Наместо едноставно уредени и функционални куќи, денес се повеќе гледаме луксузни објекти уредени според најновите дизајнерски трендови.

Таков пример за ова е дефинитивно Casa N. Се работи за проект на познатото архитектонско студио од Перу, Cheng+Franco.резиденција_9

Клиент кој ги ангажирал сакал да добие раскошна летна резиденција за одмор, и тоа на земјиште кое се протега на дури 24 хектари.резиденција_8

Таа се наоѓа во регионот Piura, на западниот брег на земјата и обезбедува целосен мир и изолација.резиденција_7

Резиденцијата е направена од ниска легура на челик, односно материјал отпорен на корозија, а опкружена е со пространа градина и голем базен. Иако екстериерот сугерира минималистички дизајн, во уредувањето на ентериерот не е толку присутен. Она што прво се забележува во поглед на внатрешноста се екстравагантните црвени скалила, но и голем број на други црвени детали, како што се софи и фотелји.резиденција_6

Куќата се состои од три ката, а секој е уреден во сличен стил, имајќи ги претежно земјаните тонови.резиденција_5 резиденција_4 резиденција_3 резиденција_2 резиденција_1

Испрати коментар

Scroll To Top