Насловна / Ентериери / Сoвремен пентхаус во Валенсија

Сoвремен пентхаус во Валенсија

Дизајнерот на ентериери, Joseph Rua, го трансформирал својот стан во Валенсија во современ пентхаус со максимална функционалност.пентхаус во валенција (9)

Опишан како „кутија која е целосно изолирана и опкружена со две тераси“, овој стан совршено ги спојува дневните и ноќните потреби, односно, активностите на неговиот сопственик.пентхаус во валенција (12)

Чувањето на нештата е голем предизвик, со оглед на фактот што станот е со мали димензии, иако со терасите има 229 квадратни метри.пентхаус во валенција (1)

Првиот чекор во средувањето на ентериерот била трансформацијата на една од претходните тераси во главната спална соба. Дневниот престој е беспрекорно поврзан со надворешната тераса, давајќи му на просторот еден континуитет, и практично не се забележува разликата помеѓу екстериерот и ентериерот.пентхаус во валенција (2)

Просторијата во која се поминува поголемиот дел од денот, е од отворен карактер и содржи кујна и трпезарија, кои се поврзани со дневниот престој. Дел од кујната се крие зад лизгачки врати, со што е решен проблемот на складирање на работите. Значи, без естетски компромис. Веднаш штом ќе влезете во просторот, се добива впечаток на свежина и проѕирност поради многубројните детали од дрво, како и поради богатството на светлина која продира во внатрешноста.пентхаус во валенција (3)пентхаус во валенција (5) пентхаус во валенција (4) пентхаус во валенција (6) пентхаус во валенција (7) пентхаус во валенција (8) пентхаус во валенција (10) пентхаус во валенција (11)

Комбинацијата на белата боја и природните бои на дрвото го прават овој дом топол и пријатен, независно од современите и модерни елементи.

Испрати коментар

Scroll To Top