Насловна / Архитектура / Современ објект за уживање во Бордо

Современ објект за уживање во Бордо

Бордо е француски регион исполнет со шарм, автентични миризби и вкусови и природа која не може да се сретне на други места. Овој регион опива, поттикнува и го наведува секого да остане тука засекогаш.

Викендичката за која зборуваме се наоѓа токму во Бордо.бордо_12

Таа е идеално место за одмор, со врвен базен. Како и многу домови во оваа област, и таа се наоѓа на парче земја што се спушта кон морето, и има геометриски структури кои привлекуваат внимание со својот неодолив изглед.

Објектот е сместен во шумски предел и е опкружен со диви јагоди и борови шуми, што само дополнително придонесува на нејзината автентична убавина и совршен дизајн.бордо_05

Тимот од Atelier du Pont дал се од себе и креирал градба што е во совршена коегзистенција со околниот пејзаж.

Неправилниот распоред на овој дом бил дизајниран на начин за да го ограничи влијанието на изградбата врз постоечкиот растителен свет. Практично, формата на куќата е прилагодена на обликот на природата, која е тука целосно зачувана. Екстериерот на куќата е креиран од даб, како една убава референца на шумата од која е опкружена.

бордо_01 бордо_02

„Кабините“, кои се споени со тераси, дизајнирани се така што на секоја личност во семејството која доаѓа да ја посети викендицата му се обезбедува доволно приватен простор за релаксација и уживање, со можност за заедничка забава. Куќата е полна со остри агли, кои се ублажени со кружни скалила во нејзиниот централен дел.бордо_03 бордо_04 бордо_06 бордо_07 бордо_08 бордо_09 бордо_10 бордо_11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top