Насловна / Вести / Современ функционален стан со уникатен и разигран амбиент

Современ функционален стан со уникатен и разигран амбиент

Предмет на работа во овој ентериер беше стан за домување на една млада личност. Станува збор за студио, коешто зафаќа површина од 34 м2, а се наоѓа во објект од ниска станбена структура во населба Лисиче во Скопје.  BIROPROEKT_03

Концептот се формираше пред сé според желбите на инвестирот, кој сакаше современ стан со голема функционалност и леснотија во изборот на материјалите.BIROPROEKT_07

Имено, водејќи се според новите трендови за внатрешно уредување, добивме простор кој без преградувања одговара на своите барања.BIROPROEKT_05

Во станот постои мал претпростор, кој е дел од дневната соба, потоа екстровертна кујна, бања и една спална соба, која исто така е делумно преградена со мебел. Овде постои можност за ротација на телевизорот како би се користел наизменично по потреба во двете простории.BIROPROEKT_06

Употребувајќи го минимализмот и современиот пристап во дизајнирањето на мебел добивме уникатен и разигран амбиент со одредени елементи во попартистички манир, кој мошне се вклопува во динамичната природа на сопственикот на станбениот простор. BIROPROEKT_08

Изведбата на целокупниот мебел беше предвидена од oплеменета иверка во бела и жолта боја во комбинација со метални сегменти во црна боја. BIROPROEKT_04 BIROPROEKT_01 BIROPROEKT_10 BIROPROEKT_09

Изработил: Проектантски тим на БИРОПРОЕКТ, Скопје

Фото: Костадин Калошев

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top