Насловна / Архитектура / Соларна зграда како „кристална карпа“

Соларна зграда како „кристална карпа“

Холандската компанија MVRDV ги претстави своите планови за деловна зграда со интерактивна огледална фасада во Еслинген во јужна Германија.

Ротердамската архитектонска компанија, на зградата и дала име „кристална карпа“, бидејќи фасадата на зградата Milestone ќе биде формирана од растопено стакло со фотоволтаични ќелии кои ќе ги рефлектираат сликите на градот и околината.

Екструдираните и вовлечени блокови на квадратната мрежа на фасадата, и даваат на зградата 3D профил, кој архитектите го опишуваат како „пикселизирана мапа“.

milestone 3

Минувачите ќе можат преку своите телефони да комуницираат со фасадата, на која ќе бидат „испечатени“ QR кодови со информации за градот. „Секој пиксел носи различни иформации, вклучувајќи приказни за градот и неговите жители. Со помош на апликација на смарт телефоните, може да се создаде јавна библиотека на градот“ објаснуваат од MVRDV.

„Пукнатината“ која минува низ средината на зградата ќе даде поглед кон остатокот од градот, додека надворешните скали и тераси ќе им пружат релаксација на лицата кои работат во објектот.Приземјето на зградата ќе биде отворено кон јавниот плоштад, и во рамките на истиот ќе се наоѓаат ресторан, кафулиња и простории за состаноци. Канцелариите ќе се наоѓаат на катовите, додека вкупната површина на сите катови на Milestone ќе биде околу 6.500 квадратни метри.

Milestone 2

Milestone 1

MVRDV заедно со германската компанија која се занимава со изведба на работи RVI ја планирале оваа зграда веќе подолго време, а позната е уште и под името Block E. Таа ќе биде центар на новиот округ на местото на поранешно товарно депо, а кој сега ќе вклучува и станбени и комерцијални објекти како и универзитет. Milestone ќе им служи на жителите како еден вид „светилник“. Блоковниот приказ на предложената зграда е сличен со еден друг проект о MVRDV, планиран за Русија Тоа е зградата под името Silhouette во Москва.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top