Насловна / Градежништво / Соларна сафари колиба во Боцвана

Соларна сафари колиба во Боцвана

сафари колиба (6)

Во Сандиба Окаванго, Боцвана, изградена е одржлива сафари колиба, која со своето присуство и функционирање претставува вистински еколошки бисер.

Оваа неодамна отворена сафари колиба е дизајнирана од архитектите Мајкл Бојд и Ник Плуман, која во исто време се вклопува во пејзажот и истовремно се издвојува од локалната архитектонска типологија со својата заоблена форма од дрво.

сафари колиба (7)

Впечатлива и скулптурална колиба со 24 кревети која гледа на брегот на реката Сандиба – воден пат кој е богат со животински видови од жаби до нилски коњи.

Како одржлива колиба својот облик го должи на панголин, загрозено животно кое е со потекло од Африка. Архитектите ја обложиле заоблената фасада со природна и локална шиндра и ткаени фиданки во обид да се минимизира и задржи еколошката основата на објектот. Колибата е целосно без бетон, и соларните панели обезбедуваа електрична енергија.сафари колиба

Заоблените облици, кои се повторуваат и во ентериерот на колибата, содржат 12 апартмани кои имаат изглед на закачени гнезда за ластовички и големи дрвени сводови кои потсетуваат на внатрешниот карактер на катедралите.сафари колиба (5) сафари колиба (4) сафари колиба (3) сафари колиба (2)

Ентериерот на колибата има минималистички декор, со цел да се задржи фокусот на пејзажот.

Испрати коментар

Scroll To Top