Насловна / Вести / Соларна централа во облик на панда

Соларна централа во облик на панда

Solarna centrala panda

Обновливите извори на енергија, поточно соларната енергија туку што доби своја маскота. Се работи за голема соларна фарма во облик на панда која неодамна беше приклучена на електроенергетската мрежа во Кина. Изградена од страна на компанијата Panda Green Energy, централата има инсталиран капацитет од 50 MW. Лоцирана е во градот Датонг во северна Кина и се состои од два типа на соларни панели – бели фотоволтаични ќелии и ќелии од црн поликристален силициум, па на тој начин е создаден контраст и креирана е пандата. На истата локација изградена е уште една централа во форма на панда, со ист капацитет.

Solarna centrala pandi

На тој начин, двете животни (централи) имаат капацитет од вкупно 100 MW. Изградбата на овие постројки делумно е финансирана од страна на UNDP, како дел од поширок проект за промоција на чистата енергија во Кина и едуцирање на младите генерации во тој правец. Ќе се организираат летни кампови за тинејџери, едукативни работилници и ќе се учи за  одржливото управување со енергијата. Пандите би требало да го привлечат вниманието на младите и да ги заинтересираат да научат како функционираат овие постројки.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top