Насловна / Вести / Софтвер на претплата за поголема флексибилност или?

Софтвер на претплата за поголема флексибилност или?

FY16-q3-gfp-webcollage-vcp-1000x300

Во контекст на најавеното укинување на трајните (временски неограничени) лиценци на продуктите на Autodesk, на почетокот на септември годинава, компанијата објави уште едно соопштение со кое се заокружува планот за целосно воведување на претплатата како единствена опција за лиценцирање во иднина.softver na pretplata

Во соопштението се вели дека почнувајќи од 31 јули 2016 година, Autodesk ќе ги укине трајните лиценци и за преостанатите апликации кои не беа опфатени во првобитните листи, а се однесуваат на портфолиото Autodesk Design & Creation Suites, продуктите од ЛТ фамилијата како и извесен број на самостојни апликации како што се Autodesk® Alias® Design, Nastran, Vault Professional, VRED Professional итн.softver na pretplata (5)

За своите идни корисници, „компанијата ќе обезбеди нови, поедноставени опции за претплата, со што корисниците ќе можат да пристапат до повеќе апликации и да ги делат лиценците како што тоа го прават и денес – стекнувајќи едноставност, достапност и флексибилност од претплатата“.

За потсетување, почнувајќи од 1 февруари 2016 година, поголем дел од апликациите на Autodesk ќе можат да се купат само преку временски ограничена претплата, додека останатиот дел од портфолиото ќе биде достапно за трајни лиценци до 31 јули 2016, датум по кој временски неограничените, односно трајните лиценци на Autodesk целосно заминуваат во историјата.

softver na pretplata (3)

Ова е една од покрупните промени кои ги презеде компанијата во последно време, со што дефинитивно ќе биде пресвртна точка.

Во контекст на најавите, Ендрју Анагност, потпретседател за Индустриска стратегија и маркетинг во Autodesk, изјави: „Начинот на кој дизајнираме и ги создаваме производите се менува – секоја индустрија е пореметена од промените во производството, побарувачката и производите. Autodesk ја прифаќа оваа нова норма и го еволуира својот бизнис за да можат корисниците да просперираат со нивниот. Давајќи им на корисниците флексибилност да се претплатат на софтверски решенија кои прецизно им одговараат на нивните потреби ги позиционира да се натпреваруваат во новата ера“.

softver na pretplata

Имајќи во предвид дека софтверот претставува значаен фактор во работата на компаниите од областа на архитектурата, градежништвото и инженерингот, како и фактот што токму Autodesk има најголем удел во продажбата на специјализираните софтвери во светот, промените во лиценцирањето дефинитивно ќе имаат влијание и врз водењето на бизнисите. Очигледно дека лиценцирањето и набавките на софтвер ќе бидат ставка во буџетите на компаниите секоја година, и со оваа ставка ќе мора внимателно и мудро да се управува бидејќи потребите од софтвер можат да бидат и енормно високи.

За македонски услови, се чини дека промените што ги најави Autodesk и немаат некое посебно влијание кое ќе ги натера компаниите да преземат чекори за полесно справување со новата состојба. Фактот што Македонија не е членка во Европската Унија, во моментов претставува олеснителна околност бидејќи за нашиот пазар важат пониски цени за софтверите на Autodesk (но и други софтверски производители).

Како пример колку цените се важни, во соседна Бугарија која има сличен стандард како и во Македонија, но е членка на ЕУ, пробивот на Autodesk производите е сериозно ограничен, пред сè поради високите цени на софтверите кои не кореспондираат со нивната куповна моќ. За состојбата со софтверите на Autodesk кај нашиот источен сосед, најдобро кажува фактот што во Бугарија нема ниту еден Авторизиран тренинг центар за AutoCAD, Civil3D или Revit (освен за 3DS Max и Maya).

Бидејќи без софтвер компаниите денес не можат да работат, особено оние во проектирањето, исклучително е важно компаниите да ги соогледаат условите и да постапат соодветно. Оние проектантски и градежни компании во земјава кои со години немаат промени во работењето (дејноста) и кои софтвер купуваат ретко или периодично, веројатно би требало да размислат за набавка на трајни лиценци, искористувајќи го периодот што следи од 4-5 месеци (или 10-11 во зависност од софтверот).

Компаниите, пак, што се сретнуваат со големи промени во работата, тешкотии во обезбедувањето на финансии, веројатно би се одлучиле за претплата. Од друга страна, постојат и други софтвери кои претставуваат поевтина алтернатива на Autodesk софтверите, кај кои нема најава за укинување на трајните лиценци.

Како и да е, роковите истекуваат. Софтверот чини пари. Потребно е мудро да се постапи.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top