Насловна / Вести / Со Tikkurila Color Studio до безброј идеи и решенија за вашиот простор

Со Tikkurila Color Studio до безброј идеи и решенија за вашиот простор

Доколку сакате да направите промена во вашиот простор, без разлика дали станува збор за вашиот дом или пак за работната средина, најбрз и најекономичен начин е да ги бојадисате или декорирате ѕидовите, да го промените или излакирате подот, и на својот дом да му дадете сопствен печат.

Иако тоа ви изгледа како голем „проект“, кој одзема многу време, првенствено во осмислувањето и изборот на материјали, повеќе нема потреба да се грижите, бидејќи Tikkurila го отвори своето прво Color Studio во Скопје, уникатен и функционален простор каде што на едно место можете бесплатно да добиете стручна помош во врска со уредување на домот и вашиот простор. Професионалците во оваа област може да ве запознаат со техничките карактеристики на производите, боите, функционалните производи, материјалите за завршни градежни работи како и материјалите наменети за индустријата.20170405_182351

Се работи за нов и иновативен концепт на изложување и продавање на производи, којшто овозможува сите потреби во врска со уредувањето на домот, работниот и производствениот простор да ги задоволите на едно место во пријатен амбиент и со помош на стручни лица кои ќе ви понудат детални совети.IMG_2239

Во Tikkurila Color Studio можете да изберете најквалитетни, еколошки премази за разни видови на површини, функционални производи и производи наменети за индустријата, кои ги решаваат проблемите со ѕидните и подните површини и го чуваат нашето здравје. Достапни се разни уникатни идеи за естетски решенија во вид на премази кои ќе ја разбудат вашата креативност и фантазија, премази кои ги „оживуваат“ предметите и ѕидовите и го збогатуваат и издвојуваат вашиот простор.IMG_2205

Функционални производи кои имаат и долгогодишна гаранција, како на пример BioRid премазот на база на вода кој содржи микропори за отстранување на влагата и одржување на површинскиот слој во сува состојба во станбени објекти, подруми, гаражи, простории во индустријата за прехрамбени производи, магацини итн., каде што е потребна заштита на бојата од мувла. Или пак епоксидните подови, производи наменети за индустријата кои се состојат од висококвалитетна смола и имаат висока механичка отпорност на абење.IMG_2222

Во Tikkurila Color Studio, сите архитекти, инвеститори, проектантски бироа, дизајнери и останати професионалци може да добијат стручни совети во врска со подготовката и вградувањето на материјалите, технички карактеристики за производите, запознавање со најчестите проблематични површини и предлози за нивна санација.IMG_1899

На располагање имате архитект, кој ќе ви понуди совети за уредување и декорација на вашиот простор.

Како и примероци од разни материјали со разни текстури и финален изглед, што на купувачите им го олеснува изборот и визуелизацијата на решенијата за нивниот простор.DSC01221

Tikkurila е лидер во продажба на професионални бои и премази во Скандинавскиот регион и Русија. Оформена е во Финска и моментално е присутна во 14 држави. Нејзините висококвалитетни производи и позитивната приказна која трае од 1862 година ви гарантираат најдобро можно искуство на пазарот.IMG_1987

Tikkurila Color Studio се наоѓа во општина Аеродром на булевар „3-та Македонска Бригада“, бр.41 локал 5, спроти Универзитетот American College.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top