Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Со овие цигли, не Ви е потребен клима уред

Со овие цигли, не Ви е потребен клима уред

Ladna cigla

Компанијата Emerging Objects ги измисли новите цигли, односно т.н Cool Brick кои би можеле драстично да ја намалат потрошувачката на енергија во објектите. Се работи за керамичка цигла која се добива со 3D печатење. Благодарение на порозноста на оваа цигла, можно е апсорбирање на водата, и потоа ладење на воздугот во објектот преку нејзиното испарување. Се разбира, овој метод на разладување на просториите воопшто не е нов, односно го користеле пред неколку илјади години во Египет и Персија.

Ladna cigla1

Концептот на ладење е всушност многу едноставен. Топлиот воздух се пропушта во внатрешнноста на порозната влажна цигла, која потоа благодарение на испарувањето го лади просторот и овозможува пријатни услови во внатрешноста на објектот. Клима уред воопшто не Ви е потребен! Cooj Brick е многу иновативен производ, но дали навистина ќе влезе во комерцијална употреба тешко е да се прогнозира во овој  момент.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top