Насловна / Арт и дизајн / Слика од Баскијат продадена за 110,5 милиони долари

Слика од Баскијат продадена за 110,5 милиони долари

Сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982 година достигна рекордна вредност од 110,5 милиони долари на аукција на американската аукциска куќа „Сотеби“ во Њујорк.

Сликата Untitled од 1982 година ја купи 41-годишниот јапонски бизнисмен Јусаку Маезава, кој и претходно даде рекордна цена за Баскијат.баскијат

Меазава планира експлозивната слика на лице на череп, масло, акрил и спреј на платно, да ja изложи во родниот град Чиба.

Неоекспресионистот Баскијат беше еден од најугледните американски уметници во 80-тите години на минатиот век.

Тој стана познат по графитите и препознатлив по изразените бои и социјалната порака. Умре од прекумерна доза на хероин во 28 година од животот, во 1988 година.

Во Њујорк оваа недела почна пролетна аукција на уметнички дела.

Испрати коментар

Scroll To Top