Насловна / Арт и дизајн / Слика на Леонардо да Винчи продадена за 450 милиони долари

Слика на Леонардо да Винчи продадена за 450 милиони долари

Сликата „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi) од Леонардо да Винчи, беше продадена на аукција организирана од њујоршката филијала на лондонската куќа „Кристис“, за 450,3 милиони долари, со што стана најскапо платената уметничка слика во светот.

Маслото на платно со димензии 65 х 45 сантиметри, го прикажува Исус Христос како држи кристална топка.spasitel na svetot

На вчерашното наддавање, последното дело на Да Винчи, го надмина претходниот рекордер, Пикасовите „Жени од Алжир”, слика којашто во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.

Аукциската куќа ја процени „Спасителот“ на 100 милиони долари. Во 1958 година пак, таа чинеше 45 фунти, но тоа беше пред да биде неспорно призната како дело на Да Винчи (2005).

Наддавањето почна од 70 милиони, и по 53 накачувања на цената, таа достигна 400 милиони, односно 450,3 милиони долари, со сите пропратни трошоци.

Сликата досега му припаѓаше на рускиот милијардер Дмитри Риболовљев, олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб Монако. Тој ја купил од швајцарскиот трговец со уметнички дела, Ив Бувие, за 127,5 милиона долари, а тој пак, претходно за неа платил 80 милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top