Насловна / Арт и дизајн / Скулптурален мебел со разновидни просторни отсечоци

Скулптурален мебел со разновидни просторни отсечоци

ro_010714_02-940x1329_resize ro_010714_01-630x890_resize

Дизајнерите Erik Olovsson и KyuhYung Cho, се автори на дизајнот на колекцијата ROOM, систем од мебел со склопливи блокови со различни форми и димензии. Двајцата дизајнери сакаат да го променат стандардниот однос меѓу објектот и просторот, применувајќи го принципот на составување на собите како единици во одреден објект.

ro_010714_03-630x694_resize ro_010714_04-940x1036_resize

Колекцијата ROOM е систем на мебел со 25 составни блокови и ниско масиче со разни геометриски празнини, инспирирани од архитектурата и предметите што може да ги држи. Кога сите елементи на ROOM ќе се искомбинираат тогаш се формира долга полица или висок кабинет со различни графички композиции. ROOM овозможува на секој корисник да ги собере своите омилени елементи за да изгради своја композиција на полица, маса или само скулптура во просторот.

ro_010714_05-630x822_resize ro_010714_06-940x1329_resize

Секој блок е инспириран од специфични објекти, создавајќи различни форми и големини. Тркалезните за вино,  цик-цак формите за телефони, таблети и лаптопи, или за оставање на отворена книга. Секој блок може да биде една соба која ќе прими различни објекти, а композиициите се неограничувачки.

ro_010714_07-940x1329_resize

Оваа колекција ја подобрува индивидуалноста на еден ентериер и ги нагласува интеракциите помеѓу објектите и просторот. Колекцијата ROOM е направена од иверица, финиширана со мат лак.

ro_010714_08-940x1329_resize ro_010714_09-940x1329_resize ro_010714_10-940x1329_resize ro_010714_11-940x1329_resize

Испрати коментар

Scroll To Top