Насловна / Вести / Силос систем за добивање машински малтер

Силос систем за добивање машински малтер

СИЛОТЕР е современа компанија за производство на градежни материјали, која во континуитет ги следи модерните текови на градежната  индустрија во делот на имплементација на нови видови еколошки производи.tekst Porta 3. koregirandocx (1)

Компанијата има капацитет на два микро млина за производство на производи од калцит и доломит. Во моментов располага со низа производи и тоа: готови малтери за ѕидање и малтерисување, малтери за порамнување, декоративни малтери со разни структури и гранулации, репаратур малтери, градежни лепила и повеќе видови хидроизолација. Нашите производи ги исполнуваат и најсовремените нормативи, а поседуваат сертификати за квалитет од реномирани градежни лаборатории. Република Македонија полека но сигурно го следи екот на модерната технологија, што впрочем е визија на СИЛОТЕР. Мисијата на компанијата е континуирана имплементација на нови технологии кои нудат ефикасни решенија во градежната индустрија.

ЅИДАЊЕ СО МАЛТЕР НА ДОСЕГА ПОСТОЕЧКИОТ НАЧИН

Користењето на ѕидарскиот малтер на досега постоечкиот начин е многу бавно, делува исцрпувачки за работниците, а и воопшто не е еколошки. Главната компонента песок, кој се користи за добивање малтер, се остава да стои на тротоари или градилишта и така оставен подлежи на секакви временски непогоди (дожд, ветер) со што се разнесува по улиците и се загадува воздухот. Многу често се случува материјалот да исчезне од градилиштето или да дојде до мешање со други компоненти, со што се губи квалитетот на ѕидарскиот малтер.

Квалитетот на имплементираниот ѕидарски малтер на досега постечкиот начин зависи и од човечки фактор, односно не постои константен квалитет од причина што не секогаш се користат исти мери.tekst Porta 3. koregirandocx (2)

СИЛОС СИСТЕМ СИЛОМАТ Р3

Силомат Р3 е подвижен силос систем за складирање и преработка на ѕидарски малтер – ECOTER. Овој наш силос систем е дизајниран да може да се транспортира на најлесен начин до одредената дестинација. Целиот процес на работа на силос системот ја поедноставува работата за градежните работници ,односно цела стара технологија и алатки се непотребни (мешалка, лопати итн). Исто така, физичката работа е драстично намалена. Нашиот систем може да биде поставен каде и да има потреба, бидејќи за него не е потребно каква било градежна дозвола. Овој силос е во комбинација со континуиран миксер со регулирана количина вода за добивање на готов влажен малтер. Целиот процес од производство до складирање во силосот, е во затворен систем односно користиме „NO DUSТ‘‘ -  технологија без прашина.

СИЛОМАТ Р25

Силомат Р25 работи на истиот принцип како силосот Р3, но Силомат Р25 е така дизајниран што може лесно да се транспортира односно да се превезува во автомобил (караван) . Силомат Р25 е исто така многу корисен за да хомогенизира материјал во помали простории.

Силомат Р25 има опција да се приклучи на 30-тонски силос, со што се решава најголемиот проблем во градежната индустрија – вертикален  транспорт до 45 м  со капацитет од  2,5 тони на час. Силомат Р25 е дизајниран да работи при тешки услови и е лесен и економичен за одржување.tekst Porta 3. koregirandocx (3)

Со нашата технологија и досегашно искуство системот функционира беспрекорно.

Предности на силос системот за готов ѕидарски малтер

- Целиот процес на работа на силос системот ја поедноставува работата за градежните работници односно цела стара технологија и алатки се непотребни (мешалка,лопати итн), а физичкиот ангажман е сведен на минимум.

- Процесот на хомогенизирање на материјалот преку силос системот нуди континуиран квалитет на материјал.

- За поставување на силос систем за производство на готов малтер на градилиште или во негова близина НЕ Е потребна градежна дозвола.

- Нема никаков вид на загуба на материјал ниту пак никаков вид отпад (вреќи, дрвени палети, најлон итн.)

- Градежната компанија која користи силос систем е заштитена од секаков вид прирородни непогоди ( дожд ,снег , сонце , влага) како и од  кражба на материјалот.

- Силос системот нуди комотност на работа и нема никаков вид на прашина т.е од производство па се до складирање на материјалот се работи со „NO DUST“ технологија.

- Најважно за овој систем е дека е решен проблемот со вертикалниот транспорт на малтер до 45 м. silosi5

ECOTER MASONRY MORTAR

„Силотер“ како општествено одговорна компанија си имаше поставено задача да најде замена на постоечкиот ѕидарски малтер. По две години истражување имаме добиено производ ECOTER MASONRY MORTAR, кој по сите перформанси е компактибилен на постоечкиот ѕидарски малтер кој се користи во Македонија . ECOTER MASONRY MORTAR ги има поминато сите тестови во градежна лабораторија која има акредитација и работи според нормативи на EU и има сертификат за квалитет според класа CS1 по ЕN10 15 стандард. ECOTER MASONARY MORTAR досега го имаме имплементирано на повеќе објекти (станбени згради, повеќекатници) и тој покажува одлични перформанси и економичност. ECOTER MASONRY MORTAR се пакува во натрон вреќи од 30 кг. кои се практични за мали објекти и за домашна употреба.

silosi

Бидејќи ѕидарскиот малтер се користи во големи количини на градежните објекти, предлагаме ,,Силос техника‘‘ за да се избегнат непотребни трошоци како натрон вреќи, дрвени палети и термофолија, кои дополнително ја загадуваат животната средина и ја зголемуваат цената на чинење.

Испорачувањето на материјалот се врши во 30 кг натрон вреќи, big-bag од 1500 кг  и со автоцистерна Р3 со капацитет на складирање од 4500 т.silosi2

Да се потрудиме Македонија да биде модерна, креативна, успешна и еколошки чиста држава.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top