Насловна / Вести / Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го погоди во понеделник крајбрежниот појас на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки завод.

Засега нема информации за предизвикана штета и човечки жртви, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.papua-new-guinea-earthquake

Според Американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри во морето меѓу островот Нова Британија и северниот брег на Папуа Нова Гвинеја.

Потресот бил толку силен што се почувствувал во престолнината Порт Моресби, оддалечена 750 километри од епицентарот, на јужниот брег на државата.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во пацифичкиот „огнен прстен“ каде што се чести потресите и вулканските ерупции.

Испрати коментар

Scroll To Top