Насловна / Вести / Шумска колиба идеална за потполн одмор

Шумска колиба идеална за потполн одмор

Кога зборуваме за вистински одмор, голем број луѓе ќе се согласат дека тој подразбира мир, тишина и изолација од вревата на големите градови. Се поголем е бројот на оние што ќе се одлучат за купување или изнајмување на затскриено сместување во планини или шуми, а еден таков проект е La Colombiere, дизајниран од страна на познатото архитектонско студио YH2.колиба канада_6

Објектот се наоѓа во Канада, односно во дивината на шумата Sutton.

Клиентите сакале да добијат вистинска мала оаза за релаксација, а објектот го купиле од шумар кој главно го користел како магацин.колиба канада_5

Самиот дизајн на екстериерот е инспириран од мали дрвени куќички за птици, и е дизајниран така што совршено се вклопува во околната природа. Заради раскошните дрвја, колибата не е лесно да се забележи. Кога станува збор за дизајнот на ентериерот, тој изгледа малку поинаков од она што може да се очекува. Всушност, тој е сосема модерен и минималистички. Објектот изобилува со стаклени ѕидови со кои се гарантира голема количина на природна светлина, а материјалот што доминира е дрво. Што се однесува до боите, ентериерот е исполнет со убавата синергија на бели, црни и беж нијанси.колиба канада_4 колиба канада_3 колиба канада_2 колиба канада_1

Испрати коментар

Scroll To Top