Насловна / Архитектура / Шума на високи згради

Шума на високи згради

Реонот на Стар Аеродром денес, веројатно, е најголемото градилиште во Скопје. Таму забрзано никнува нова станбена населба во која најниската висина на објектите е 10 етажи! По густината, висината, па ако сакате, и по досадноста на архитектурата, тоа ќе биде сигурно најнехуманата за живеење нова населба. Балконите се скоро забранети, а зелените површини и чистиот воздух, што и онака во Скопје сè помалку го има, овде стануваат луксуз. Но тоа ќе биде тема за некој друг напис, а сега само сакав да прикажам нешто сосема спротивно, нешто што во нормалниот свет полека станува правило – стил на живеење.176555

Милано, кварт Порта Нуово, во централниот дел на големиот град. Две кули од 80 и 112 метри висина, со оригинално име Bosko vertikale (вертикална шума), со околу 40.000 м2 изграден станбен простор. Творци на проектот – архтектонско биро Boeri studio.                                 Главната атракција се терасите. Насадени се 900 високи, средни и ниски дрвjа, уште 5.000 грмушки и 11.000 цвеќиња. Идејата е ваквите зданија во големите градови да овозможат создавање на микро клима, заштита од опасните по здравје микро честички, истовремено го чистат воздухот и ја зголемуваат осетно енергетската ефикасност на објектите. Едноставно кажано, создаваат нов повисок стандард на живеење во високите згради. 176561 Уживајте во фантастичните слики, од некој за нас нестварен начин на градско живеење.176560176551176556176558176559176550176553176554176565176567

А ние! Е, ние ќе си живееме во новите станбени џунгли од типот на Дебар Маало, Стар Аеродром , Расадник… и ќе сонуваме за еколошка средина, паркови и чист воздух, зеленило на терасите…

Испрати коментар

Scroll To Top