Насловна / Вести / Што ќе се случува со олимписките зданија по крајот на Игрите?

Што ќе се случува со олимписките зданија по крајот на Игрите?

Rio Future arena

По 21 август, сите медали се поделени. Бранувањето ќе се смири, а масите народ се разотидуваат со завршувањето на Олимписките игри 2016. А ако исторјата е некаков показател, олимписките содржини во Рио, на кои настапија најдобрите спортисти и најзапалените фанови, можат да останат неискористени.

Тоа се случи во повеќето градови домаќини на олимпијади. Пекиншкиот стадион, наречен „Птичје гнездо“ има расходи за одржување во вредност од 11 милиони долари годишно, и покрај тоа што во пракса останува скоро празен. Содржините за Олимписките игри во Атина во 2004 година се претворија во стар спомен за парите што би можело да бидат потрошени за нешто подобро. Но Рио, кој е решен да остави поуспешно и покорисно наследство, планира да трансформира дел од инфраструктурата, како што го опиша тоа градоначалникот Едуардо Паиш, во „номадска инфраструктура“.

Салата „Фјучр арена“, за олимпискиот турнир во ракомет и параолимпискиот турнир во голбал, ќе биде претворена во четири државни училишта во соседните квартови Жакарепагуа и Бара, како и во Сау Кристовау на источниот брег. „Секое училиште ќе биде за 500 ученици. Салата беше проектирана со двојна цел уште од самиот почеток“, вели Мануел Ногеира, извршен директор на Енд Архитект, британска фирма која стои зад проектот. -Начинот на кој се се пренесува од едно место на друго личи на Лего, дополнува тој.

Rio future arena1

Салата е направена од помали модуларни делови кои се поврзани. По завршувањето на Игрите, тие делови – вклучувајќи го и покривот, панелите од фасадата и вертикалните столбови кои ја држат салата, ќе бидат разглобени, подредени и пренесени во трите кварта. Водоводот и каблите се така проектирани што не треба да бидат истргани, потенцира Бил Нехуеј од АЕКОМ, американска компанија која го изработи главниот план за Олимпискиот план Бара во Рио Деженеиро, каде се наоѓа „Фјучр арена“.

- Разглобуваш, преместуваш и ја претвораш во тие четири училишта, дополни тој.

Rio centar za vodni sportovi

Блискиот центар за водни спортови, кој е привремено здание, ќе биде разглобен и повторно составен како два општински базени. А Олимпискиот парк кој се простира на 300 акри и располага со девет зданија, ќе биде претворен во јавен парк и плоштад за приватни проекти. Меѓународниот центар за новинари известувачи од олипмијадата исто ќе ја смени својата функција и ќе се претвори во средношколски интернат за колеџот Некст Сити.

Во суштина Рио ја користи „привремената архитектура“ – концепција која станува се попопуларна во градските средини. Но градот не е првиот што ја применува. Во 2012 година, покојната архитектка Заха Хадид го проектираше лондонскиот центар за водни спортови, така што привремените места за гледачите можат лесно да се отстранат од главната зграда и таа да стане помала и полесна за одржување по игрите.

- Постојат тенденции кон времени зданија на големите сопртски настани и олимпијадите, подвлекува Хенуеј. „Кога започнавме со работа во Рио градоначалникот стана уште попретпазлив за сите трошоци – од постојаните зданија до времените. Тој постави еден предизвик: Има ли начин тие материјали да бидат повторно искористени како модули?“, рече Хенеј.

Всушност, искористеноста беше еден од главните адути на Рио при кандидатурата за домаќин на овие олимписки игри. Градот даде амбициозни ветувања да ја поправи сообраќајната инфраструктура со нејзино проширување за градскиот транспорт, и да ги исчисти токсичните канали заедно со други прифатени ангажмани. Но засега Рио не успева да ги исполни, иако расходите се повисоки и достигнаа околу 12 милијарди долари.

Ако се има предвид сето тоа, и лошото искуство на градовите со нивните олимписки зданија, ќе се појават извесни сомнежи, подвлекува Џеј Коукли. „Изгледа и звучи страшно, но не сме сигурни дека тоа ќе се случи“, вели Коукли, пензиониран професор од Универзитетот на Колорадо во Колорадо Спринга, кој ја проучува социологијата на спортот и резултатите од спортските мега настани.

„Градот Рио засега е пропаднат во голема финансиска дупка, така што е многу тешко да се одржат ветувањата за зданијата. По завршувањето на Игрите, организацискиот комитет се распушта и многу е тешко да се дознае кој ќе ги преземе расходите и ќе направи измена на зданијата“, дополнува тој.

Во информација за спортските мега настани, потпишана од истражувачот Дорализе Ланхе Суза од Федералниот универзитет во Парана, Бразилија, Коукли пишува: „И покрај добрите намери, користа ретко стигнува до социјално исклученото население“.

- Проблемот е дека нештата не биле планирани, потенцира тој. „Да претвориш нешто во училиште кога не можеш да најдеш наставници или се додека не си почнал да обучуваш наставници, да создаваш програма или да работиш со родители – освен ако нешто не си планирал како што треба и не нашле буџет, нештата нема да се остварат“, рече Коукли.

Хануеј признава за економските проблеми, но посочува дека природата на јавно-приватно партнерство на олимписките игри врши притисок врз инвеститорите да ги остварат ветувањата по олимпијадата. Тој дополнува: „Само преку пренамена на објектите инвеститорите можат да си ги вратат парите, кои првнествено ги вложиле во изградбата на паркот за олимписките игри“.

Хенуеј исто така го фали градоначаникот на Рио дека како приоритет го прогласил образованието, и дополнува дека силната поддршка од градоначалникот за „номадска архитектура“ ќе го принуди да си ги оствари ветувањата.

- Но во моментов се е под знак прашалник, подвлекува Коукли.

Атлантик – Вашингтон

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top