Насловна / Архитектура / Секој стан во оваа дрвена кула ќе има на терасата по едно дрво

Секој стан во оваа дрвена кула ќе има на терасата по едно дрво

Архитектонското биро Penda, во соработка со консултантите за дрвени структури Tmber, го претстави проектот на зелена кулa во Торонто од 18 ката која ќе биде изградена од дрво. ‘Рбетот на овој зелен објект, што се одразува на околната зграда Habitat 67, го чинат цели стебла дрвја кои ќе ги красат секој стан, односно, секоја тераса.

Стеблата и зелена фасада ќе ја заживеат фасадата, а со тоа позитивно ќе се влијае на екологијата и одржливоста на животната средина.пенда_4

„Нашите градови се направени од челик, бетон и стакло. Ако во прошетка видете зелена кула направени од дрво, тоа ќе направи интересен контраст“- изјави Крис Прет, архитект од Penda за ArchDaily.пенда_3

Канадската влада ја препознала важноста на дрвените објекти и затоа донела уредба за бескаматен кредит за изградба на вакви објекти во износ од 10 до 20%.

Оваа кула од 62 метри ќе се простира на 5.000 квадратни метри, а најголемиот дел од просторот ќе биде резервиран за станови. Само приземјето, со своите 550 квадратни метри, ќе биде оставено за јавниот простор со кафулиња, продавници и ресторани.пенда_2

По завршувањето на темелите, префабрикуваните ламинатни панели ќе бидат доставени до градилиштето каде што ќе бидат монтирани на лице место. Овој процес овозможува брза и тивка изградба со помалку градежен отпад отколку што е случај со конвенционалните градежни техники. Бетонот и челикот ќе бидат применувани во минимално количество, и тоа само на критичните делови како потпирачи на ламинатните панели.пенда_1

Испрати коментар

Scroll To Top