Насловна / Вести / Сеизмичко тестирање на висококатниците во Аеродром

Сеизмичко тестирање на висококатниците во Аеродром

Vestacki zemjotres Dzevahir holding6

Симулација на вештачки  земјотрес со магнитуда од четири степени денеска беше предизвикан на највисоките згради во Македонија во комплексот „Скај Сити“ во Општина Аеродром  на  компанијата „Џеваир Македонија“.

Vestacki zemjotres Dzevahir holding5

Директорот на Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија Михаил Гаревски рече дека со принудни вибрации на 40 кат побудена е торзионата вибрација која, како што рече, ако се случи некој катастрофален земјотрес во Скопје токму оваа тонова форма би била побудена.

– Се покажа дека објектот е континуиран и одговорите беа еластични. Практично зградата и понатаму ќе ја тестираме на околу 400 мерни точки по што ќе знаеме точно како објектот се однесува, истакна Гаревски.

Vestacki zemjotres Dzevahir holding3

Појасни дека јачината  побудена со вибрациите помеѓу 4 и 5 степени е појака од чувството на вистински земјотрес со тие степени.

– Ваквите тестирања се важни за да се калибрира и провери математичкиот модел. Денеска иако математичките модели се перфектни, сепак реалните тестови покажуваат дали зградата се однесува како што е предвидена со математичките модели, рече Гаревски.

Vestacki zemjotres Dzevahir holding2

Со тестирањето се испитуваат динамичките карактеристики на зградите што претставуваат нивна лична карта за безбедност посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на трансамерика пирамидата во Сан Франциско.

Испрати коментар

Scroll To Top