Насловна / Архитектура / Седиштето на Fogo Island Park – мимикрија на вулканскиот пејзаж

Седиштето на Fogo Island Park – мимикрија на вулканскиот пејзаж

1 2

Со цел да се создаде идентитет и подобрување на менаџментот на управувањето со заштитеното земјиште на островот Фого, португалското студио Oto Architectos добиваат нарачка од Владата на Зелено’ртската Република за изработка на проект на објект-седиште на природниот парк.

3 4

Сместен во пуст вулкански пејзаж, објектот „прима“ темна мат боја и ниска рампа за движење околу централниот двор. Основната цел е да се анимираат жителите од соседниот град, поради што оваа структура содржи простори за културно и рекреативно уживање.

5 6
Програмската содржина на објектот вкулучува канцеларии и лаборатории за техничари кои се одговорни за управувањето и третманот на заштитената област. Осветлувањето на зградата има минимална тенденција во својот контекст, за да не се вознемират локалните птици.

7 8
Седиштето на природниот парк е во непосредна конекција со соседната населба, Cha Das Caldeiras, која се наоѓа на надморска височина од 1.800 метри во кратерот на островот Фого. Конструкцијата на објектот е изведена од локални материјали и техники со кои располагаат градските занаетчии. Заедницата содржи 1.200 жители а својот опстанок го потпира на земјоделското производство од географски изолирани локации на брегот на Западна Африка.

9 10
Поради недостаток на инфраструктурни мрежи, постои потреба од енергетска независност, со фотоволтажна низа како главен извор. Објектот има двојна водоводна мрежа, користејќи ја дождовницата што се собира на покривите, заедно со отпадната вода на системот, за складирање и повторна употреба. Целата структура е опкружена со рампи и пејзажни простори со локални растенија карактеристични за паркот, доловувајќи карактеристичен амбиент.

Еден коментар

  1. Senzacionalno !!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top