Насловна / Вести / Се реконструира култното игралиште кај салата „Партизан”, проект предложен од граѓаните

Се реконструира култното игралиште кај салата „Партизан”, проект предложен од граѓаните

Општина Центар го реконструира познатото спортско игралиште кај салата „Партизан“. Ова беше идејата која доби најмногу гласови на порталот „Идеи за Центар“, портал каде граѓаните можат да предлагаат и гласаат проекти, а општината потоа ги реализира.Скица

Граѓаните бараа да се реконтруира игралиштето за баскет, но општината реши да направи мини спортски центар со повеќе игралишта и содржини. Со реконструкцијата се предвидува игралиште за мал фудбал, игралиште за кошарка и фитнес центар на отворено. Мини спортскиот Центар ќе биде пуштен во употреба за десетина дена, а ова култно место повторно ќе стане атрактивно место за рекреација и дружба.

Општина Центар е првата општина која преку интерактивна онлајн платформа комуницира со граѓаните, собира идеи и потоа ги реализира. Платформата „Идеи за Центар“ поттикнува граѓанско учество во креирањето на локалните политики, а со реализацијата на овој прв проект се докажа како таа функционира на дело. Општина Центар ги повикува граѓаните што поактивно да споделуваат и гласаат за идеите кои сметаат дека би биле корисни. На овој начин, општината покрај реализираните проекти, има подобар увид каде се потребни реконструкции и кои се најважните проблеми каде треба да се фокусира. Веб страницата на порталот е: http://ideizacentar.mk/

Испрати коментар

Scroll To Top