Насловна / Вести / Се реконструира и проширува патот кон Теферич

Се реконструира и проширува патот кон Теферич

Течат градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич. Овој проект e од значење и за општина Кисела Вода, но и за општина Сопиште, бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети. Сообраќајното значење е уште понагласено бидејќи истиот служи и за поврзување на централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак, со што се вклучува во сообраќајните текови ширум регионот и државата. unnamed

Реконструкцијата се одвива на улиците „Мариовска“ и дел од улицата „Христо Татарчев“, се до спојот на реконструираната улица кај црквата Теферич. На овој потег ќе биде поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари  кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а потоа ќе биде поставено и осветлување. Градежните работи треба да завршат до крај на годината.img_0010
Носител на проектот кој е инициран од општина Кисела Вода е Центарот за развој на Скопски плански регион, а како партнери освен општина Кисела Вода, се и градот Скопје и општината Сопиште.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top