Насловна / Архитектура / Се продава луксузниот стан на Томи Хилфигер на Менхетен

Се продава луксузниот стан на Томи Хилфигер на Менхетен

Познатиот американски дизајнер Tommy Hilfiger неодамна објави дека го продава својот луксузен дуплекс на Менхетен за неверојатни 80 милиони долари.томи хилфигер хотел плаза_11
Овој ексклузивен пентхаус, кој се наоѓа на врвот на хотелот „Плаза“, така се најде на продажба на листата на најпознатите луксузни станбени објекти на Менхетен.томи хилфигер хотел плаза_05

Дуплексот, кој ги зафаќа 18-ти и 19-ти кат на хотелот „Плаза“ има околу 1800 квадратни метри површина, содржи пет спални соби, пет бањи и неверојатно убава тераса што го опкружува и нуди неверојатен поглед на Централ Парк и Петта авенија.

томи хилфигер хотел плаза_10
Овој моден магнат го нарече својот дом „Небесен замок“, а судејќи според фотографиите, домот со спектакуларниот поглед навистина е тоа.
Своевремено, Hilfiger ги откупил двата стана во овој хотел, за „само“ 25 милиони долари, трансформирајќи ги во голем дуплекс.

томи хилфигер хотел плаза_07
Откако тој и неговата сопруга Ди потрошиле повеќе од 17 милиони долари на уредување на луксузниот ентериер, чиешто реновирање траело речиси три години, цената на станот ја достигна неверојатната сума. Вешто комбиниран и дизајниран навидум со некомпатибилни стилови, ентериерот на овој пентхаус е навистина посебен и интересен.томи хилфигер хотел плаза_04 томи хилфигер хотел плаза_06 томи хилфигер хотел плаза_08 томи хилфигер хотел плаза_09 томи хилфигер хотел плаза_12 томи хилфигер хотел плаза_13 томи хилфигер хотел плаза_14 томи хилфигер хотел плаза_15 томи хилфигер хотел плаза_16 томи хилфигер хотел плаза_17

Испрати коментар

Scroll To Top