Насловна / Архитектура / Се одржа меѓународниот форум SHARE Skopje 2017

Се одржа меѓународниот форум SHARE Skopje 2017

Во исполнетата конференциска сала на хотелот „Мериот“ вчера во Скопје се одржа меѓународниот настан SHARE International Architecture Forum, во организација на Pro Event Association и во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијација на архитекти на Косово, Албанската асоцијација на архитекти и во партнерство со Комората на архитекти во Бугарија.

Настанот SHARE International Architecture Forum беше фокусиран со презентации на разни архитектонски примери и резултати од нашиот регион, но и од светската архитектура, како и на  фасади, покриви, подови и ентериерски дизајн._DSC2901

Најпрвин на свеченото отворање со свои говори беа претставени организаторите на форумот што се Florin Mindirigiu – главен организатор и претседател на Pro Event Association, арх. Мартин Пановски – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, арх. Астрит Никша – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Косово, арх. Борислав Игнатов – претседател на Комората на архитекти во Бугарија, арх. Арманд Вокши – претседател на Асоцијацијата на албанските архитекти.IMG_3213

Потоа со свои презентации на свои најзначајни проекти се претставија арх. Керем Јазган од Yazgan Design Architecture, арх. Johannes Baar – Baarenfels од Baar-Baarenfels Architekten, арх. Ангел Захариев од A&A ARCHITECTS OOD, арх. Џузепе Фарис од Studio Farris, арх. Пако Радовановиќ од РАДО Инженеринг Скопје, арх. Јана Гугуловска од RADiUs Architects, арх. Ѓорѓи Мојсов – архитект во ГМС, арх. Илир Мурсели од MA+P, арх. Бесиан Мехмети од студио БМА…IMG_3252

Проектите што бea презентирани од меѓународните и македонски архитекти на SHARE Skopje 2017 биле наградени на конкурси и архитектонски натпревари како што се World Architecture Festival, Iconic Awards, Architizer a+ award, Wan Awards, MIPIM,  European Property Awards, German Iconic Awards, World’s Best International Highrise Architecture -International Property Awards, Aga Khan Award for Architecture, Mies van der Rohe Awards.IMG_3158 IMG_3170

Исто така, меѓу говорниците учествуваа и претставници на познати градежни и производствени компании со креативни и современи решенија за фасади, покриви, подови и ентериери како што се Sisecam Flat glass, Аgrob Buchtal, Knauf Insulation, Velux, Alumil…

IMG_3168

Како специјален гостин и последен презентер на конференцијата беше арх. Maurizio Meossi, senior Associate of Zaha Hadid Architects. Тој на публиката na SHARE Skopje 2017 ги сподели своите искуства со архитектонски концепти кои стоеја зад резиденцијалниот комплекс CityLife Milano. Како соработник од 2014 година, Maurizio Meossi ги предводел дизајнерските тимови за други големи станбени проекти како што се Grace on Coronation residential towers во Бризбејн, Австралија (во моментов се градат) и два објекта во Мексико, вклучувајќи го и проектот Esfera Monterrey, комплекс од 981 станови.IMG_3308 IMG_3380 IMG_3400 IMG_3406 IMG_3415 IMG_3418 IMG_3456 _DSC2873 IMG_3137 IMG_3144 IMG_3171 IMG_3239 IMG_3281 ФОТО: Киро Попов, Ангел Ситновски

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top