Насловна / Архитектура / Се гради „Сириус“ во Нов Белград

Се гради „Сириус“ во Нов Белград

Изгледа како во Белград никогаш да нема доволно современ деловен простор, како завршува еден така се најавува нов проект. Без разлика на големиот број најавени и никогаш нереализирани објекти, Белград стана побогат за не мал број нови современи деловни објекти. Нов Белград стана современа деловна зона на Белград, а со самото тоа и на Србија. Не се во прашање само флоскули, туку тоа може да се види по утринскиот и попладневниот шпиц во сообраќајот.Sirius01

Денес, за разлика од порано, наутро има колони на мостовите и патиштата, кои од другите делови на градот водат кон Нов Белград, а истата слика само во спротивен правец се повторува секое попладне. Причините се многу, а некои од најзначајните се добрата инфраструктура на тој дел од градот, секако најдобрата сообраќајна мрежа на патиштата, големиот број непополнети а веќе дефинирани градежни парцели, доволната површина и близината на автопатот и белградскиот аеродром.Sirius04

Трендот на пополнување на тие парцели со деловни згради не е завршен. Има многу незавршени деловни објекти во кои со години никој не се вселил. Истовремено, новите инвеститори, макар што белградскиот пазар на деловен простор главно е поделен на компании од две земји – Израел и Австрија, вложуваат во нови деловни објекти.Sirius02

Таков е и објектот „Сириус“, деловен комплекс кој се наоѓа на аголот на булеварот „Милутин Миланковиќ“ и улицата „Атифашистичка борба“. Недалеку се наоѓа железничката станица „Нов Белград“, а на само 500 метри е излезот на автопатот, главниот друмски коридор кој поминува низ Србија. Од другата страна на улицата „Антифашистичка борба“ се наоѓа парцела на која е предвидена нова главна автобуска станица, за која беше распишан конкурс пред неколку години. Освен поделените награди, ништо не се случи во тој дел на градот, автобуската чека некое подобро време или никогаш нема да биде реализирана, што е тажна судбина со голем број конкурси за јавни објекти во Србија.

DSC_0268@

Проектот „Сириус“, моментално во фаза на изградба, претставува деловно-хотелски комплекс од две згради со заеднички плоштад кој е лоциран кон раскрсницата на споменатите улици, и заедничка гаража на две подземни нивоа. Вкупно, проектот има околу 30000 метри квадратни бруто површина на парцела од 9000 квадрати, сето тоа распоредено во два објекти со висина пр+9 ката. Градбата опфаќа две фази. Подземната гаража е предвидена за приближно 400 автомобили. Формата на објектот се базира на едноставна кубична геометрија со изразени хоризонтални стаклени површини. Архитектонските решенија во вакви случаи често се многу едноставни, што би можело да биде барање на инвеститорот кој очекува да добие што повеќе квадрати, па архитектите честопати се одлучуваат за едноставна архитектонска форма. Истовремено, поради ублажување на монотонијата на ваквите објекти, честопати се користи и употребата на фасадни панели во различни бои.DSC_0267@

Ако се верува на визуелизациите, овие два објекти ќе имаат фасада на која ќе се наоѓаат панели во розова, кафена, сива и бела боја, распоредени така што ќе креираат одредено чувство на динамика на самата фасада. Просторната организација на деловниот објект се базира на употребата на слободниот план, носечките столбови во просторот, просторните целини што ги прават просторите за вертикална комуникација и сервисните простори. Влезот во објектот е нагласен со двојна висина во приземјето, во делот каде може да се забележат носечките столбови. Проектот е дело на австриското архитектонско студио „Ефстудио“ и архитектот Јирген Едлингер, додека изработката на главниот проект е доверена на компанијата „Пројметал“ од Белград. Завршувањето на првата фаза и отворањето е предвидено за првиот квартал од оваа година, макар што поверојатно е дека тоа ќе се случи во текот на првата половина од годината. Моментално, објектите од првата фаза сè уште се во сива фаза на градба, макар што целокупниот структурален скелет е завршен.

DSC_0277@ Во околината на „Сириус“ се наоѓаат објекти како што се приватни болници, продавници за домашни миленици, хотел и голем број деловни згради. Овој простор долж пругата, бил предвиден за изградба на високи објекти до 150 метри висина. Воедно, таа била највисоката висина што е дозволена во Белград. Минатата година оваа студија и уредбата што ја следела, е укината. Сепак, на овој простор не никнуваат објекти со таа висина. Недалеку од пругата, целиот потег на парцелата долж булеварот „Милутин Миланковиќ“ не е доволно атрактивен за објекти од таков габарит. Не постои доволно голем број јавен простор во опкружувањето, ниту доволно голема флуктација на луѓе за да биде оправдан еден таков проект. За таков простор, изгледа дека е најдобро она што може да се види долж пругите на некои европски градови – едноставни и архитектонски пристојни деловни згради во кои се наоѓаат големи компании, доволно блиску до постојната инфраструктура. За создавање на нов деловен центар кој се карактеризира со високи згради, а Белград таков простор никогаш и немал, потребно е нешто повеќе од желба на градските власти, на некој начин да ги тргнат високите згради од најатрактивните зони, и доста добра инфраструктура во околината. Потребно е тоа „нешто“ што Белград сè уште го нема, барем не на овој простор. Додека тоа не се случи, веројатно во другиот дел на градот, ќе изгледа дека Белград нема доволно деловен простор, ќе се градат објекти како „Сириус“, а колоните луѓе секое утро ќе одат кон Нов Белград на работа во една од новите, многу квалитетни деловни згради.DSC_0269@

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top