Насловна / Архитектура / Се гради највисоката зграда во Израел

Се гради највисоката зграда во Израел

Компанијата Ron Arad Architects го претстави проектот за деловниот комплекс кој е веќе во изградба во Тел Авив, и се очекува да биде највисоката зграда во Израел. Комплексот ToHA ќе се состои од две кули во стакло – пониската со 28, а повисоката со 63 ката. Од Ron Arad Architects, чиешто седиште се наоѓа во Лондон, очекуваат зградата да ја надмине 244 метри високата City Gate Tower која во моментот е највисоката зграда во Израел.izrael-najvisoka-zgrada_4

Проектот е заеднички потфат на две големи инвестициски и развојни компании. Комплексот се гради на локација од 1800 квадратни метри, во центарот на градот.

Освен градината на покривот, особено е интересно дека и одредени делови на комплексот ќе бидат подигнати, така што и под самите кули ќе има подрачја со билки и зеленило.izrael-najvisoka-zgrada_3

Самиот облик на кулите се карактеризира со нагласени агли со цел заштита на станарите од сончевото зрачење, но и повеќе природна светлина.

Ron Arad, сопственик на компанијата Ron Arad Architects, основана во Лондон во 2008 година, е роден токму во Тел Авив.izrael-najvisoka-zgrada_2 izrael-najvisoka-zgrada_1

 

Испрати коментар

Scroll To Top