Насловна / Вести / Се асфалтира улицата „Радански пат“ во Штип

Се асфалтира улицата „Радански пат“ во Штип

 asfradanskip1234
Општина Штип денес започна со асфалтирање на уште еден крак од улицата „Радански пат“, во т.н Ромско маало во градот. Сообраќајницата е со должина од 800 метри и беше една од најоштетените.
asfradanskip12345
Сообраќајот се одвиваше тешко бидејќи улицата беше во лоша состојба, затоа што цементот кој беше ставен пред неколку децении беше распаднат и во очајна состојба, пренесува „старплус“ на ТВ Стар. Со асфалтирањето, се овозможува користење на оваа сообраќајница за поврзување на центарот со населбата „Сењак“ по скратен пат. Градоначалникот Захариев најави уште поголема патна офанзива и дека наместо 20, до крајот на летото во Штип ќе бидат асфалтирани најмалку 30 улици.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top