Насловна / Арт и дизајн / Сауна во облик на јајце обложено со злато

Сауна во облик на јајце обложено со злато

Жителите и посетителите на шведскиот град Кируна од оваа пролет можат да уживаат во уникатната спа оаза наречена Solar Egg, чиј дизајн е инспириран од самиот град.

Формата на јајцето го симболизира повторното раѓање, односно урбанистичата трансформација на градот Кируна, во кој се планира изместување на цела област заради проблемите што настанале како резултат на поместувањето на почвата, како резултат на децениската експлоатација на блискиот рудник за железо.соларно јајце_7

Јајцето е симбол на повторното раѓање на градот.соларно јајце_8

А каде што има железо има и злато. Имено, сауната висока пет и широка четири метри, обложенае е со 69 позлатени панели од нерѓосувачки челик. Како панелите се од демонтажен карактер, сауната може да се расклопи и повторно да се инсталира на кое било друго место во градот.соларно јајце_6

Сауната во облик на јајце е дизајнирана од страна на меѓународно признатиот уметнички пар Матс Бигерт и Ларс Бергстром.соларно јајце_5

Уметничкото дуо Бигерт&Бергстром го карактеризира долгогодишна фасцинација на односот на човештвото со климата, природата, енергијата и технологијата. Соларното јајце е еден од нивните практични проекти кој ја обработува оваа тема.соларно јајце_4

Соларното јајце оваа година ќе биде привремено изложено и во Шведскиот институт во Париз, единствениот шведски културен центар во странство. На иницијатива на шведската влада, Swedish Design Moves ќе биде дел од промотивната програма во странство за промоција на шведскиот дизајн, архитектура и мода.соларно јајце_3 соларно јајце_2 соларно јајце_1

Испрати коментар

Scroll To Top