Насловна / Вести / Санирање на покривите во Општина Центар што настрадаа лани во невреме

Санирање на покривите во Општина Центар што настрадаа лани во невреме

opstina centar sanacija

Општина Центар ќе помогне во санирањето на штетите на два објекта што настрадаа во невремето што се случи лани во август, за што од буџетот ќе издвои 600.000 денари .
Станува збор за зградата број 7 влез 3, на булеварот „Kочо Рацин“, како и на станбен објект на улицата „11 Октомври“ број 23б/17.
За првиот објект Општината ќе издвои 350.000 денари кои ќе бидат наменети за санација на покривната конструкција, оџакот, како и за стаклата во влезот. За вториот објект, општинските власти ќе издвојат 250.000 денари за санација на рамниот и дотраен лимен покрив.

Испрати коментар

Scroll To Top