Насловна / Вести / Санација и реставрација на фасадата на Архивската зграда во Струмица

Санација и реставрација на фасадата на Архивската зграда во Струмица

arhivska zgrada vo strumica

Во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година и во согласност со Акцискиот план на Владата на РМ за санација на фасади од староградската архитектура, во тек е реализацијата на проектот за санација и реставрација на фасадата на објектот на Архивската зграда во Струмица каде што е сместена репрезентативна музејска поставка која ја отсликува историјата и традиција на овој град низ вековите.

arhivska zgrada vo strumica (2)

Надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, го изработи основниот проект, а по завршувањето на тендерската постапка и изборот на најпогоден изведувач, ќе се пристапи кон непосредна реализација на проектот. Планирано е работите за санација на фасадата на објектот да завршат до крајот на тековната година.

Како пример на сеционистичкиот стил, објектот каде што денес се сместени архивското одделение и постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ вековите“, е изграден во периодот меѓу 1931 и 1934 година и претставува споменик на културата заштитен со закон.

Испрати коментар

Scroll To Top