Насловна / Вести / Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во галерија FLUX

Самостојна изложба на Стефан Хаџи-Николов во галерија FLUX

Утре во 20 часот, во галеријата FLUX во Скопје, ќе биде отворена јубилејна 65-та самостојна ликовна изложба на реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов.2

Хаџи-Николов е добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, меѓу кои и престижната државна награда 23 Октомври за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.7

На изложбата ќе бидат изложени 30 дела, работени во техника масло на платно, создавани последните години. Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе биде отворена до 5 мај.1

Испрати коментар

Scroll To Top