Насловна / Вести / Самостојна изложба на Џезаир Реџепи

Самостојна изложба на Џезаир Реџепи

Денес во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“ со почеток во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на Џезаир Реџепи.

Реџепи е роден во с. Тануше, Горна Река, во 1983 година, акaдемската наобразба ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, a по завршувањето на Факултетот за ликовни уметности, својата работа ја посветил во Конзерваторскиот центар во Гостивар, но паралелно со конзерваторската активност забележително е и негово авторско творештво.дрвен-плод-2

Во потрагата за наоѓање сопствен визуелен израз, Џезаир Реџепи во скулптурата се движи во областа на апстрактно-геометризираната скулптурална форма и спојот како на формите, така и на материјалите. Тој негува пластични структури со извесни семантички и асоцијативни белези. Најчести материјали што ги употребува во делата се полиестер, метал, дрво… како и комбинирање на материјалите и евидентно е присуството на неколку фази и преокупации во текот на неговото творештво.

Реџепи низ своето творештво создава дела со спиритуална атмосфера, тоа се дела кои не ги преуредуваат секојдневните предмети и објекти, но наместо тоа го менуваат секојдневниот живот како продуктивна уметничка сила, ги допираат сите области од животот во контекст на тотално уметничко дело.

Во скулптурите на Реџепи обликот е претежно слободна живо моделирана и апстрактно-геометризирана форма обработена во манир на брут-артот од која се наѕира асоцијативно-антропоморфна содржина. Динамиката и ритамот на формите се постигнати со поврзување на слободните и геомертизираните форми во обликувањето на делото.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top