Насловна / Вести / Саеми за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии во Будва

Саеми за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии во Будва

Од 20 до 24 септември годинава, во Будва, Р. Црна Гора, во рамките на Јадранскиот саем, ќе се одржат саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации. Така, на 39. Саем за градежништво оваа година на јавноста ќе бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност.sajam_2017

На петтото издание на Саемот за енергетика ќе бидат изложени новите технологии и достигнувања на компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кон истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и рационализација на користењето на енергијата.

Саемската платформа и компаративната предност која ја нуди 12. Саем за води, водоводи и санитарни технологии, претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top