Насловна / Вести / Романија ја добива најголемата ветерна централа во Европа

Романија ја добива најголемата ветерна централа во Европа

Холандската енергетска компанија NERO Renewables планира во Романија да изгради ветерна централа со вкупно 362 ветерни турбини и инсталирана моќност од околу 1.000 MW. Со тоа оваа централа ќе има за дури 400 MW поголем инсталиран капацитет од централата Fantanele-Cogealac, која засега е најголемата копнена ветерна централа во Европа и исто така се наоѓа во Романија.

untitled

Проектот ќе чини 1,4 милијарди евра, а изградбата би требало да почне во 2019 година и да трае две години. Во согласност со овие свои планови, компанијата NERO Renewables во октомври 2017 ја основала својата романска подружница, а распишан е и јавен повик за големите производители на ветерни турбини да ги достават своите понуди.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top