Насловна / Ентериери / Ринго Стар ја продава својата вила по цена од 31,5 милиони долари

Ринго Стар ја продава својата вила по цена од 31,5 милиони долари

Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale

Вилата на познатиот рокер Ринго Стар е на продажба и тоа по цена од 31,5 милиони долари. Легендарниот тапанар на „Битлси“ живеел преубави моменти во оваа луксузна вила која датира од 17 век и која е опкружена со 200 хектари дополнително земјиште. Паркот што ја опкружува оваа вила е прекрасно декориран и содржи неколку езера и градина, претставува идеално место за релаксација и удобен живот во англиско предградие. Исто така, постои и простор за јавање на коњи, кој е со еден збор совршен.

Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale

Ринго Стар имотот го купил во 1999 година, по цена од три милиони долари. Рокерот ја реновирал вилата по свој вкус, при што бил вклучен и познатиот дизајнер на ентериер Ники Хаслам. Како што самиот изјави, оваа вила била во потполност соголена и декорирана од самиот почеток, што за нив било многу забавно искуство. Тие морале да вработат специјални мајстори за гипс, бидејќи Ринго Стар бил голем обожавател на типично британската декорација. Исто така, тој учествувал во секој дел од процесот на реновирање, што според зборовите на дизајнерот, многу клиенти не го прават или не знаат како тоа се практикува.Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale

Оваа вила има прекрасна кујна, бидејќи Ринго и неговата сопруга уживале во готвењето и  имале специфични барања во поглед на кујнската опрема. Кујната што тие ја сакале морала да биде доволно голема за јадење и подготовка на храната, додека пред неа се наоѓа мала градина со зачински билки.

Базенот на оваа вила е додаден две години по завршувањето на првобитната обнова.Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale Ringo Starr's Mansion in Surrey on Sale

Овој имот покрај главната вила располага со голем број дополнителни објекти, како што се неколку помали колиби, кои се за вработените или за гостите на сопственикот. Исто така, има и мал хелиодром.

Испрати коментар

Scroll To Top