Насловна / Архитектура / Реставрација на фасади на пет објекти од старото градско јадро во Велес

Реставрација на фасади на пет објекти од старото градско јадро во Велес

veles kuka na Dzinot 1

Фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес годинава ќе бидат реставрирани со поддршка од Министерството за култура.

Станува збор за објекти кои се наоѓаат на улицата „Јован Алабаков“ и кои се дел од автентичната споменична целина со традиционални белези на велешката архитектура на 19 век.

Министерството за култура денеска соопшти дека проектот за заштита на фасадите на петте куќи е изработен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар – Скопје, кој е надлежен за заштита на културното наследство. Реставрацијата на објектите треба да заврши до крајот на годинава.

Конзервацијата и реставрацијата на објектите во Велес е дел од проектот на Владата за санација на фасадите од амбиенталната стророградска архитектура што се реализира четврта година по ред. Во рамки на проектот досега е извршена санација и реставрација на 16 фасади на објекти, и тоа 15 посебни зданија во урбаните средини на Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.

Испрати коментар

Scroll To Top