Насловна / Вести / Реновиран стан во Барселонa со задржување на традиционалните елементи

Реновиран стан во Барселонa со задржување на традиционалните елементи

Стан со 163 квадратни метри во центарот на Барселона доживеа целосна трансформација според проектот на архитектите од бирото YLAB Arquitectos. Тие се од англиско потекло и заљубени се во овој каталонски град, а добиле задача за осовременување на ентериерот на станот, задржувајќи некои од оригиналните елементи во медитерански стил, со цел да се задржи духот на старите времиња.барцелона ентериер_07

Во станот биле затекнати оригинални подови, како што се марокански плочки, високи тавани и многу детали во гипс, кои заедно со големите прозорци, на ентериерот му обезбедувале пријатна атмосфера.барцелона ентериер_01

Архитекти ги задржале повеќето од оригиналните елементи, но тие му дадоа на станот современ и свеж изглед. Тие го сториле тоа со рушење на стари гипсани детали и наместо нив направиле нови, поедноставни, но сепак со класичен изглед.барцелона ентериер_02

Станот е поделен на дневна и ноќна зона. Дневната ја чинат претсобје, ходник, кујна со трпезарија и дневен престој кои се добро поврзани едни со други. Ноќната зона се состои од три соби со сопствени бањи. Значи овој стан може лесно да се изнајми за три различни семејства.барцелона ентериер_03

Она што го прави овој стан модерен се современите парчиња мебел, осветлувањето и детали кои се во совршена хармонија со остатокот од станот кој е во традиционален стил.барцелона ентериер_04

Во бањите, покрај плочките, доминираат и големи површини под огледалата заради што изгледаат уште попространи.барцелона ентериер_05 барцелона ентериер_06 барцелона ентериер_08 барцелона ентериер_09 барцелона ентериер_10 барцелона ентериер_11 барцелона ентериер_12 барцелона ентериер

Испрати коментар

Scroll To Top