Насловна / Вести / Реконструкцијата на Албанскиот театар ќе биде завршена до крајот на 2017

Реконструкцијата на Албанскиот театар ќе биде завршена до крајот на 2017

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го посети Албанскиот театар во Скопје каде интензивно се работи на реконструкцијата на објектот, кој се очекува да биде завршен до крајот на годинава.

Се работи за прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, по повеќе од 40 години од постоењето на објектот, за чија реализација е задолжена италијанската фирма „Скиентиа СРЛ“.албански театар бит пазар

– Со ентериерната и екстериерната обнова и реконструкција на зградата на Албанскиот театар, чија вкупна површина изнесува околу 4.300 метри квадратни ќе се добие современ објект со две сали, опремен со најсовремена сценска технологија според постојните стандарди, како и внатрешна функционална реорганизација на објектот, соопшти Министерството за култура.

Во изминатиот период, како што се наведува, се работеше на изведба на сценската технологија, се финализира изведбата на фасадата во дворот на објектот, електричните инсталации и се поставуваа вентилациски канали за машинските инсталации.

 

Испрати коментар

Scroll To Top