Насловна / Вести / Реконструкција на железничката станица во Битола

Реконструкција на железничката станица во Битола

Ќе се реконструира железничката станица во Битола, во рамките на проектот на Министерството за транспорт и врски за реконструкција и надградба на 10 железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10 Д на овој коридор.

zeleznicka stanica bitola

Проектот е вреден 2,2 милиони евра и со него ќе се реконструираат железничките станици во: Прилеп, Битола, Велес, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Деми Капија, Градско и Неготино.

Со проектот ќе се изврши целосна реконструкција на железничката станица и на сите главни елементи, целосна замена на кровот, подовите, фасадата, внатрешните ѕидови, поставена ќе биде нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети.
Исто така комплетно ќе биде заменета водоводната и електричната иснталација, како и внатрешното и надворешното осветлување. Поставени ќе бидат системи за греење и ладење, системи за противпожарна заштита, патнички информативен систем, подобрена ќе биде пристапноста за товарен транспорт и достапноста и поврзувањето со патниот транспорт.

Се очекува реконструкцијата да биде завршена во 2016 година и железничката станица Битола да добие еден сосема нов изглед.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top