Насловна / Вести / Реконструкција на велосипедската патека од улицата Љубљанска по должината на булевар Илинден

Реконструкција на велосипедската патека од улицата Љубљанска по должината на булевар Илинден

Започна реконструкцијата на пешачко-велосипедската патека од улицата Љубљанска по должината на булевар Илинден до Центар. Ова е последниот дел од првата велосипедска рута од проектот Скопје Велоград 2017 кој се очекува да биде целосно завршена до крајот на месец ноември.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека со проектот Скопје Велоград кој веќе е промовиран ќе треба да се направат 4 велосипедски рути кои што ќе треба во градот Скопје да создадат подобри услови за велосипедите.

500

-Првата рута е од општина Гази Баба, некаде од Маџари, преку Центар, по Илинденска до крајот на улицата. Втората рута е од Аеродром, преку Центар, Карпош па се до Ѓорче Петров. Третата рута е од Кисела Вода, преку Центар, Карпош па до Теодосиј Гологанов до Ѓорче Петров. И четвртата рута е од Бутел, Чаир до Центар и ќе има 7 конектори кои ќе ги поврзуваат велосипедските патеки, истакна Трајановски.

roma

Градоначалникот најави дека наскоро ќе започнат да се прават велосипедските патеки од Рутата 1,  а покрај „Улици и Патишта“ ќе биде распишан тендер за надворешни изведувачи кои паралелно ќе работат на терен и на другите рути за велосипедските патеки во градот Скопје.

-Ова е перманентна активност на градот Скопје и досега сме работеле на правење на велосипедски патеки, со тоа што ова е организиран начин на правење.  Градот Скопје во 2017 ќе биде навистина Велоград или град во кој што ќе има многу добри услови за велосипедистите, истакна Трајановски.

Испрати коментар

Scroll To Top