Насловна / Вести / Реконструкција на тоалетите во ЦОУ „Круме Кепески“

Реконструкција на тоалетите во ЦОУ „Круме Кепески“

Во завршна фаза е комплетната реконструкција на тоалетите во ЦОУ „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода. Во училишниот објект во кој настава посетуваат 670 ученици, во изминатиот период, по налог на општина Кисела Вода, се работи на поставување на нова санитарија, плочки, нови врати, на нова водоводна инсталација и одводни цевки во санитарните јазли, на штедливи лед арматури за осветлување.img_6871
Реконструкцијата на тоалетите уследи по енергетската обнова на ова училиште, која заврши пред неколку месеци, а беше финасирана од буџетот на општината, со парични средства од Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како и финасии од УНДП.0-02-01-3f76005bf5a9cd8e7f3286d795055f4de185e6cf0319256f067375adccf42eb7_full 0-02-01-b0557884afd5361727979ab6bd7e107c32293d5caeedaf8eb770f773e63e3779_full

Преку овој проект кој се одвиваше преку Секторот за локален економски развој при општина Кисела Вода, беше извршена замена на прозорците, изведба на нова фасадна топлинска изолација, замена на постојниот кровен покрив и топлинска изолација на кровната плоча.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top