Насловна / Вести / Реконструкција на споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево

Реконструкција на споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево

Целосната реализација на проектот, чија цел е презентација на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава пред домашните и странските посетители, предвидена е за 2017 година.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп интензивно работат на реконструкцијата на споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево, проект од Програмата на Министерството за култура.krushevo-spomenik

Проектот опфаќа заштита на петте дела од кои е составена споменичната целина: платото и почетокот на комплексот насловен „Раскинато ропство“, импровизираната гробница, училницата и куполата во форма на боздоган каде што се сместени останките на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев.

Во согласност со предвидената динамика, стручните екипи на прилепскиот завод активно работат на екстериерната  реконструкција. Се спроведуваат санациски и конзерваторски работи на армирано-бетонските елементи на почетокот на комплексот, како и на училницата составена од  280 седишта од бетонски цилиндрични елементи.krushevo2

По завршувањето на активностите на екстериерот, ќе се пристапи и кон целосна обнова на внатрешноста на овој многу значаен објект. Претходно беше извршена и санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс.

Целосната реализација на проектот, чија цел е презентација на  историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава пред домашните и странските посетители, предвидена е за 2017 година.

Споменичниот комплекс „Илинден“ се протега на површина од 12 хектари и е дело на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top